Од минатата година некако како да се насетуваше дека на модната сцена ќе се врати еден од најсекси трендовите од 80 – тите и 90 – тите години.

Станува збор за мрежестите хулахопки кои денеска можеме да ги видиме во комбинациите на бројни девојки, но малку посуптилни од она на што навикнавме да ги гледаме порано.

Ако порано сакавме да ги истакнеме со некое мини здолниште или пак фустанче, денеска девојките сакаат да ги носат под скинатите фармерки или пак само да им наѕираат над чизмите.

Најчесто овој кул моден додаток доаѓа во црна боја која впрочем е и најраспространета кога станува збор за овој модел на хулахопки.

Досега една од најпопуларните комбинации на познатите девојки со овие хулахопки е онаа со скинати фармерки и бела кошулка со карнери како една од највпечатливите.

Ако овие хулахопки навистина ви се допаѓаат и сметате дека треба истите да ги истакнете нешто повеќе, тогаш облечете ги со долго плетено фустанче и високи чизми, а некои од девојките сакаат да ги носат и со широки светли фармерки и бели ниски патики.

Без разлика како и да ги комбинирате, верувајте дека тие ќе бидат она парче по кое ќе бидете запаметена каде и да се појавите.

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.367 пати