Must have: Бохо чанта за уникатен изглед

25 октомври 2016

Во екот на прекрасната есен, денеска ви презентираме една неверојатно уникатна мини чантичка во која знаеме дека ќе се заљубите од прва.

Станува збор за колоритен модел со најпосакуваните реси оваа сезона, дополнително украсена со сребрени топчиња по краевите.

Иако е мала, во неа ќе ви ги собере неопходните работи без кои знаеме дека не можете, а бидете сигурни дека ќе оставите посебен печат каде и да се појавите.

Она што е супер е што чантичката е во повеќе бои па без проблем можете да ја носите со што и да посакате, но нема да згрешите и доколку одберете едноставен мал црн фустан кој ќе го украсите со овој модел.

Чантичката од Parfois е совршен начин уникатно да ги поминете последните есенски денови. 

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
360 пати