Must have: Бохо ранче за стилски летни комбинации

4 јуни 2018

Веруваме дека секоја дама сака да има добра чанта, но она што е вистински хит ова лето се бохо ранчињата кои се супер во секоја комбинација.

Освен тоа што во нив ќе можете да го соберете сè она што ви е потребно, истите се неверојатно стилски и неодоливо повикуваат на лето.

Денеска ние ви предлагаме едно неодоливо шармантно ранче во крем нијанса, украсено со колоритни везови во предниот дел и реси од страните како додатоци.

Носете го на работа со романтична бела комбинација, на разни летни забави, за излегување, на слободните денови и секогаш кога ќе посакате.

Истото можете да го најдете во продавниците на Parfois, каде има супер избор на летни ранчиња во кои ќе се вљубите на прв поглед.

 

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
437 пати