Must have: Бомбер јакна за стилски есенски денови

8 октомври 2015

Додека сѐ уште можеме да уживаме во есенското време со поволни температури, задолжителна за овие денови е милитари бомбер јакната од Манго.

Покрај тоа што истата е неверојатно модерна, таа ќе биде и ваш одличен сојузник во есенските денови. Можете да ја комбинирате буквално со сѐ – со фармерки и џемперче, со фустанче во повеќе нијанси, со кусо здолниште и кошулка и со што уште не.

Особено популарна оваа есен е бомбер јакната во темно зелена боја, како една супер нијанса што ќе ја вклопите буквално во сѐ.

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.409 пати