„Must have“ Божиновски: Раскошен часовник за дами што знаат да уживаат во животот!

28 октомври 2014

Овој пат, со Божиновски за миг Ве водиме во мистичните и колоритни улички на фантастичната и секогаш миризлива држава Мароко.

 

Денешниот часовник е наменет за сите оние дами што се вљубенички во луксузот и раскошот и секогаш сакаат да се истакнат со нешто уникатно и специјално.

По сензибилитет, го комбинираме со одлично парче од есенската колекција на Емилио Пучи за 2014 – тата година. Освен тоа што часовникот е олицетворение на раскош, тој е и сосема погоден за оваа сезона со оглед на неговата фантастична есенска боја која што е многу лесна за комбинирање со вашите сезонски парчиња.

 

Часовникот е неверојатно елегантен со едноставен и нежен централен дел и со интересна рачка на која на феноменален начин се испреплетени полукругови.

Истиот е сосема доволен да биде единствениот избор на моден додаток во секоја ваша комбинација. Доколку сѐ уште не сте го направиле вашиот есенски шопинг, сега е вистинско време за тоа!

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Тренд