Must have: Чанта и чевли совршени за ова време од годината!

17 март 2017

Веројатно и вам како и нас веќе ви здодеаја чизмите кои ни беа најдобри пријателки во текот на зимата и едвај чекате да облечете некои полесни и полежерни чевлички.

Токму такви ви предлагаме денес, супер удобни и шик, совршени за извршување на секојдневните работни обврски, но и за долги прошетки.

Истите се во три бои со што автоматски имате можност за комбинирање со многу различни парчиња и да ги носите за многу различни прилики.

Иако чантата е црвена, односно во боја што ја нема на чевлите, воопшто не двоумете се и комбинирајте ја и таа во вашиот стајлинг и подготвени дочекајте ја пролетта.

Носете ги со едноставно пролетно фустанче и шик јакна, со фармерки и тренди кошула или пак со класичен црн костим за на работа.

Овие преслатки балетанки и неодолива чантичка можете да ги најдете во продавниците на Parfois.

Имајте сончеви пролетни денови! 

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.326 пати