Must have: Чантичка на половината за беспрекорни тренди комбинации

14 мај 2019

Вистински хит изминатата сезона беа мини чантичките за на половина, но се чини дека истите ќе ги комбинираме и во летните стајлинзи.

Иако истите супер изгледаа во комбинација со стилски женски костими, ова лето им даваме поинаква димензија со тоа што ги додаваме на омилените летни парчиња.

Овојпат, ви претставуваме една шик чантичка за на половина во темно кафена нијанса која што можете да ја носите со разни комбинации на бои, а истата изгледа совршено во комбинација со жолта.

Нашите омилени летни панталони и кошулка токму во жолта нијанса, дополнително ги истакнуваме со ова парче што се чини нема да излезе од мода ниту во летните месеци што нѝ претстојат.

Доколку веќе имате една во вашата колекција, слободно комбинирајте ја и со омилените летни фустани или пак маички и фармерки, а ако немате, набавете си една уште денес.

Објавено:
14 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
409 пати