Must have: Црно-белa комбинација со ориентална естетика

27 јули 2017

Спојот на црната и белата важи за класика која не губи од својата актуелност, независно од моменталните модни тенденции.

Оваа безвременска комбинација е имплементирана во дизајнот на овој уникатен, дводелен аутфит што го носи потписот на Елена Лука, а е инспириран од ориенталната, источна естетика.

Акцентот во горниот дел е ставен на голите рамена со широки црни прерамки и широките ракави порабени со црна сатенска лента. Долниот дел пак е макси здолнише, исто така порабено со црна сатенска лента, дополнително естетизирано со детали во геометриски форми.

Комбинирајте го со сандали на висока, рамна платформа во истиот ориентален фазон или пак со црни високи потпетици.

 

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
292 пати