Must have: Фустан што ја следи силуетата, а рамената се акцентирани со карнери

5 февруари 2020

Во плакарот на секоја жена, неопходен е фустан во чиј дизајн се споени безвременската елеганција и модерната, шик естетика.

Интересен модел што одговара на овие стандарди откривме во актуелната линија на модната куќа Елена Лука.

Елегантнот крој на фустанот ја следи женската силуета со што е нагласена половината, додека пак рамената се акцентирани со карнери, што може да го издвоиме како популарен детаљ од актуелните тенденции.

Фустанот е изработен од еко-кожа во суптилна беж нијанса, што го прави лесен за комбинирање со модни додатоци кои може да ја следат неутралната тонска карта или пак напротив, да се издвојат со интензивни нијанси.

Моделот може да го најдете во ателјеата на Елена Лука или пак на онлајн продавницата на брендот.

 

Објавено:
5 февруари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
972 пати