Must have: Кафени чизми до глуждовите за секоја комбинација

6 октомври 2016

Во екот на есента, вистинско време е да се подновите со нови чизмички, но оваа сезона инвестирајте во модел кој ќе можете да го носите со апсолутно сите можни комбинации.

Денеска ви нудиме едни токму такви, ниски до глуждовите во нежна кафена нијанса со многу ниска потпетица.

Истите се дефинитивно класика која никогаш нема да излезе од мода, а можете да ги носите со разни здолништа, тесни или широки фармерки за кул ефект, лелеави или плетени фустани и што и да посакате.

Одлични се за оваа преодна сезона, кога сѐ уште ни треба време да се навикнеме на температурите и да носиме нешто навистина удобно и топло.

Истите можете да ги најдете во продавницата на Манго во Сити Мол, а тие се дефинитивно must have за оваа сезона!

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.936 пати