Must have: Колоритни обетки за разиграно лето

20 јуни 2019

Секое лето раскажува своја приказна, секогаш колоритна каква што и треба да биде. Ова лето носиме парчиња во неутрални нијанси, но затоа пак накитот секогаш сакаме да биде во боја.

На високите температури и летото и не им доликува ништо друго освен убави и интензивни бои што дополнително ќе го разиграат.

Денеска ви предлагаме обетки во прекрасно споени нијанси кои ќе бидат ваш фаворит во сите оние денови кога сакате дополнително да го истакнете вашиот стајлинг.

Станува збор за висечки обетки од брендот Parfois составени од три различни материјали во неодолива сина, златна и нежна розова боја во пределот кај каменчињата.

Во случајов ние ги комбинираме со едноставен долг фустан во нежна портокалова боја, но вие можете да ги носите со што и да посакате, но секако треба да внимавате на боите што ги комбинирате.

Овие обетки се како создадени за на плажа, па така можете да ги комбинирате и со вашиот омилен костим за капење и да бидете шик девојка секој ден од одморот.

Објавено:
20 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
403 пати