Must have: Кул бели чизми за стилизирање на омилените долги фустани

17 декември 2018

Со оглед на тоа што сè уште нема снег, овие денови искористете ги максимално за да се дотерате за сите забави што ви претстојат.

Сосема во празничен дух и во чест на омилената бела зима што се надеваме дека наскоро ќе дојде, денешен must have се овие бели чизмички на кои како да подзаборавивме.

Оваа сезона сакаме да ги носиме со тренди плетени или бохо фустанчиња што малку ќе ги покријат, но сепак ќе бидат доволно впечатливи и шик.

Носете ги и со плисирано здолниште до под колената во комбинација со омилената ролка и стилско палто, но заборавете на кусите здолништа или фармерки ставени во чизми.

Носете ги заедно со оваа интересна транспарентна чантичка, во која треба внимателно да ги одберете работите што ќе ги ставите.

Чизмите и чантата можете да ги најдете во продавниците на Манго.

Објавено:
17 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
687 пати