Must have: Љубовна кошула за пролетта што доаѓа!

16 февруари 2017

Доколку редовно нѐ следите, веќе знаете дека едни од најголемите трендови за претстојната пролетна сезона дефинитивно се кошулите што девојките ги обожаваат.

Денеска, ви предлагаме една токму таква во сино – бела варијанта со најубавите и најмодерни апликации совршено распоредени по површината.

Носете ја со што и да посакате веднаш штом почне топлата сезона, а дефинитивно највпечатлива ќе биде доколку ја комбинирате со едноставни фармерки.

Ако сѐ уште не заминавте во пролетен шопинг, тогаш ова е првото парче што задолжително мора да го ставите на шопинг листата!

Истата ќе ја најдете во продавницата на Спрингфилд во Скопје Сити Мол, каде можете да одберете и многу други модели во ист стил.

 

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
703 пати