Must have: Маичка со натпис

10 мај 2018

Облеката секогаш испраќа порака. Некогаш скриена, а многу често видлива. Модните парчиња со различни пораки или натписи, отсекогаш биле присутни во современата модна индустрија, во различни верзии.

Маичките со интересни и досетливи натписи се Must have и сезонава, а особено е интересно што често ги имплементираме во деловниот аутфит, покрај во стандардниот кежуал изглед.

Една од нашите омилени е оваа маичка од Манго, со натпис Influencer, која одлично се вклопи во нашата верзија со блејзер и панталони во ноја на лаванда.

Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group (маичка – Манго)
Модел: Елена Ѓорговска (модна агенција Моделс Ин)
Шминка: Елена Лука

Објавено:
10 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
323 пати