Must have: Мини чанта со животински принт што ја обожаваме

12 февруари 2019

Прекрасното сонце во кое уживаме последниве денови ни наговестува дека многу скоро можеме да ја очекуваме омилената пролет која толку многу ни недостасува.

По тој повод, денеска ви претставуваме една неодолива чанта во супер интересна форма и со принт кој ќе биде еден од омилените во сезоната што доаѓа.

Станува збор за мини кружна чантичка во темно жолта боја со кафени детали и стилско златно ремче со кое можете да ја носите на рамо.

Истата има и мали кружни златни рачки со кои чантичката на лесен начин се претвора во вечерна и совршена за било која пригода во која сакате да блеснете и да изгледате елегантно.

Оваа чантичка можете да ја најдете во продавниците на Mango, а истата може да биде одличен подарок за Денот на вљубените.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Чанта: Mango

Стајлинг: Fashionel.mk

Модел: Миа Бошева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
209 пати