Must have: Најубавите виолетови сандали и чанта за ова лето

15 јуни 2017

Доколку сѐ уште сте во потрага во совршениот чифт сандали и чанта за ова лето, денеска ние ќе ви ја олесниме потрагата.

Во Mango ќе најдете голем број тренди чевли за оваа топла сезона, а меѓу нив и овие сандали со две ремчиња на ниска потпетица кои се буквално неодоливи.

Она што е супер е тоа што можете да ги комбинирате со оваа чанта во иста нијанса, но тоа повеќе дефинитивно не е правило.

Иако навидум мала, во оваа шик чанта ќе ви ги собере сите потребни работи без разлика дали ќе ја носите на работа или пак за некоја свечена пригода.

Комбинирајте ги заедно или одделно, со едноставен летен бел фустан, со разни цветни кошулки и фармерки и со што и да посакате друго.

Не дозволувајте виолетовата боја да ве ограничи при изборот на парчиња за комбинациите и бидете храбра стилска дама ова лето.

Објавено:
15 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.561 пати