Must have: Очила за сонце што мора да ги имате!

4 јули 2018

Како и секое лето, очилата за сонце се задолжителен моден додаток кој е совршен пар на секоја комбинација.

Ова лето сакаме очила со интересни рамки и во интересни бои, па така денеска ви предлагаме едни такви.

Истите се во неодолива транспарентна кафено – златна нијанса со темно зелени рачки и во интересна форма.

Можете да ги комбинирате со разни парчиња, летни фустанчиња, шик комбинации со фармерки и едноставна маичка и што уште не.

Истите можете да ги најдете во продавниците на Parfois, а побарајте ги уште денес.

Објавено:
4 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
346 пати