Must have: Ранче во боите на есента...

22 септември 2016

На првиот ден од прекрасната есен, ви предлагаме едно задолжително парче кое знаеме дека ќе го обожавате сезонава.

Станува збор за стилско ранче во боите на есента кое иако навидум едноставно, истото ќе биде вашиот најголем сојузник оваа сезона.

Можете да го носите на работа, на училиште, како и за завршување на сите други обврски во текот на денот, бидејќи има доволно место да сместите сѐ во него, а истовремено не изгледа многу големо.

Украсите прикачени на патентот дополнително го разубавуваат неговиот изглед, а доколку некогаш ранчето ви треба во поедноставна варијанта, истите можете многу лесно да ги извадите.

Носете го со вашите омилени чизми, есенски чевли, бели патики, фустани, фармерки и кошулки, па дури и со некое малку поелегантно фустанче на кое сакате да му додадете доза шик.

Ова неодоливо ранче ќе го најдете во продавницата на Parfois во Скопје Сити Мол, па побрзајте и набавете си го за првите есенски денови!

Објавено:
22 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.168 пати