Must have: Раскошни обетки за специјални пригоди

20 февруари 2019

Во период кога сите со нетрпение очекуваме да дојде пролетта, потребно е да ги пронајдеме парчињата и модните додатоци со кои ќе блеснеме во првите топли денови.

По тој повод, денеска ви предлагаме да ја збогатите вашата кутија со накит со овие раскошни обетки што ќе го разубават секое парче што ќе го облечете.

Носете ги за специјални пригоди кога сакате на вашиот стајлинг да му додадете нешто блескаво и впечатливо, но комбинирајте ги и со фармерки и шик блузичка за урбан изглед.

Секогаш кога ги носите нанесете нежна и едноставна шминка бидејќи истите сами по себе се доволно впечатливи и не ви е потребно нешто дополнително.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk

Обетки: Parfois

Модел: Миа Бошева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
20 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
500 пати