Must have: ретро очила + колоритни алки

18 април 2018

Модните брендови и дизајнерите често знаат да се свртат назад во времето и да побараат инспирација во минатото, при дефинирањето на современите модни текови.

Затоа речиси секоја сезона сведочиме за т.н ретро трендови присутни во актуелните тенденции, секако со современо модифициран лик.

Ретро нотите се присутни во секој сегмент на модната сцена: од силуетата на моделите до нивното влијание во дизајнирањето на модните додатоци.

Оваа пролет-лето сезона, актуелни ќе бидат очилата со ретро дизајн инспириран од шармот на 70-те години.
Наш избор за денешниот Must have е токму таков пар очила, што ние го комбиниравме во еден целосно ретро стајлинг што вклучува колоритни алки на рацете и џинс комбинезон.


Комбинација: Fashion group (очила, алки – Parfois)
Стајлинг: Fashionel
Модел: Елена Ѓорговска, Модна агенција Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
18 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
503 пати