Must have: Романтични обетки со црвено срце и коноп за несекојдневни стајлинзи

14 август 2019

Во последните денови од летото, време е да ги искористиме максимално сите стајлинзи и модни додатоци што му прилегаат на ова време.

Денеска ви презентираме едни обетки во кои знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед, направени од уникатни материјали и бои кои неодоливо потсетуваат на лето.

Станува збор за висечки обетки во златна нијанса изработени од цинк на кој се прикачени две форми во вид на срце, едната обложена со коноп во крем и бела нијанса, додека другата е повпечатлива и неодоливо потсетува на желе.

Второто срце е во интензивна црвена боја, а на површината има поставено уште неколку мали и уникатни украси.

Иако се доволно впечатливи сами по себе, можете да ги носите и со други интересни и колоритни парчиња, или пак со едноставна бела кошулка и џинс со висок струк.

Овие обетки се доволни за да ја збогатите вашата кутија со накит овој месец и на впечатлив начин да го завршите долгото, топло лето.

Истите и слични на нив можете да најдете во продавниците на Parfois.

Објавено:
14 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
270 пати