Must have: Розови балетанки за кул лето

16 јули 2018

Веќе знаете и можете да потврдите дека нема подобро чувство на светот од она кога носите удобни обувки, по можност рамни.

Балетанките се едни од најпопуларните чевли било кога создадени, а секоја сезона добиваат нови модели украсени со разни додатоци кои девојките сè повеќе ги обожаваат.

Оваа година летото е обоено во нежни бои, па денеска ви презентираме едни балетанки од Манго токму во таква, нежна розова боја.

Истите се неверојатно удобни и модерни, а ги обожаваме бидејќи се одлични за комбинирање со што и да посакате.

Носете ги со омилениот летен фустан, широки фармерки и бела тантелна кошула, стилски женски костим и што уште не.

Совршени се за извршување на секојдневните обврски, но и за луди журки до доцна во ноќта.

Алки: Parfois

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
393 пати