Must have: Сламена чанта за лежерни летни комбинации

15 април 2019

Иако времето деновиве постојано е облачно и врнежливо, тоа не значи дека не треба да го повикаме летото со препознатливи летни стилски парчиња.

Она што сакаме денеска да ви го претставиме е оваа шик плетена сламена чанта која беше вистински популарна минатата сезона, но се чини дека девојките не можат да ја заборават.

Како што беше случај минатата сезона, така и оваа девојките сакаат да ги носат со лелеави цветни фустани, но новост е тоа што истите совршено се вклопуваат и во елегантните стајлинзи како на пример женските костуми.

Ние ја комбиниравме со цветно фустанче со копчиња и тропски принт како совршена најава за топлите летни денови што едвај ги чекаме.

Конкретно, моделот што денеска ви го презентираме е во кружна форма со црна плетена рачка и сосема доволен да го собере сè она што ви е потребно.

Доколку во моментов сте во потрага по совршената чанта со која ќе ја отворите летната сезона, тогаш ова е одличен предлог за вас.

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
466 пати