Must have: Слатко ранче што мора да го имате оваа есен

19 ноември 2018

За извршување на секојдневните обврски секогаш некако попрактично е да носиме ранче во кое ќе ни собере сè, а истовремено ќе биде модерно и шик.

По тој повод, денеска ви презентираме еден токму таков модел во кој знаеме дека ќе се вљубите од прва. Станува збор за мало ранче, но доволно да ви ги собере основните работи, со лисица како апликација во предниот дел.

Ранчето што можете да го најдете во продавниците на Parfois, е во неодолива и нежна розова нијанса, додека апликацијата во темно црвена боја со бели детали.

Она што е супер е тоа што можеме да го носиме и како чанта, односно со подесување на рачката, можете да го носите на два начина.

Комбинирајте го и со спортски и со нешто поелегантни парчиња за разни пригоди.

Објавено:
19 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
464 пати