Must have: Стилски ремен кога сакате да го „зачините“ изгледот

10 октомври 2019

Обожувате фармерки со висок струк или некогаш едноставно сакате да ги „зачините“ комбинациите, а можеби немате идеја со што?

Ние денеска ќе ви помогнеме со избор на неверојатно стилски ремен во темна кожена варијанта со впечатлив детал во пределот на закопчувањето.

Станува збор за сребрен украс со интересни точки по површината што го прави овој ремен уште повпечатлив.

Носете го на едноставен начин на фармерки со висок струк во комбинација со некоја кошулка или блузичка, без проблем поставете го на половината врз некое фустанче или смислете некој нов и креативен начин за комбинирање на истиот.

Овој модел и слични на него можете да најдете во продавниците на Манго.

Објавено:
10 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
370 пати