Must have: Стилски сандалки со врвки украсени со тренди школки

3 јули 2019

Веќе знаете дека школките се апсолутен хит ова лето, па така често ги гледаме како додатоци на накитот, чевлите, шапките...

Денеска ви предлагаме еден модел прекрасни сандалки со животински принт кои се дополнително украсени со врвки кои можете да ги врзете на неколку начини.

За да бидат уште повпечатливи, сандалите се украсени со школки во долниот дел како едни од најпосакуваните детали ова лето.

Сандалите можете да ги комбинирате со едноставно црно фустанче, здолниште и маичка или пак куси панталончиња како совршено парче за на одмор.

Овие сандали можете да ги најдете во продавниците на Манго.

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
430 пати