Must have: Темно црвени чизми за сите пригоди

6 ноември 2018

Времето сè уште е одлично и можеме да носиме чизми направени од разни материјали во кои ќе уживаме уште некое време.

Конкретно, овие се изработени од лесен материјал кој е како создаден за ова време од годината. Истите се едни од најпосакуваните сезонава бидејќи можете да ги носите со што и да посакате и секако, во разни пригоди.

Носете ги со светли фармерки и шик кошулка за извршување на дневните обврски, а комбинирајте ги и со некое впечатливо фустанче за вечерни прилики.

Одлични се бидејќи се во темно црвена боја како боја на есента и можете да ги надополните со парчиња во било каква боја, особено во кафена, црна, сина, бела, темно жолта како најсоодветни за ова време од годината.

Иако се на висока потпетица, истата е супер удобна и нема да имате проблем и доколку ги носите преку ден.

Објавено:
6 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
650 пати