Must have: Темно црвени сандали за пролетни забави

10 април 2019

Иако времето деновиве не нѝ оди во прилог, тоа не значи дека треба да се откажеме од омилените комбинации.

Доколку пред вас имате некоја свечена пригода или едноставно, забава со пријателите, знаете дека ви требаат совршени чевли.

Денеска ви предлагаме токму такви, ретро сандали во темно црвена боја кои можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Носете ги со цветен или елегантен црн фустан, со џинс и маичка за лежерни излегувања, па дури и со стилски женски костим за специјални пригоди.

Овие чевли се вистински класик и дефинитивно секоја дама би требало да ги има во својот плакар, во оваа или друга боја по избор, а истите можете да ги најдете во продавниците на Манго.

Објавено:
10 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
484 пати