Must have: Виолетови обетки со реси

8 јуни 2018

Веќе подолго време сме вљубени во обетките со реси, па денеска решивме да ви презентираме токму такви во прекрасна, виолетова боја.

Истите имаат и впечатлив сребрен дел на кој се прикачени ресите, а заедно прават неодолива комбинација од бои која е совршена за комбинирање.

Носете ги со едноставен фустан, со дводелна комбинација, за разни свечености, но и за секојдневните средби со пријателите, па дури и на работа, доколку кодексот ви го дозволува тоа.

Овие обетки можете да ги најдете во продавниците на Parfois, а дефинитивно се вистински must have за ова лето и нешто што во кутијата за накит мора да го има секоја девојка.

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
557 пати