Must have: Впечатлива црвена чанта со златно ремче

17 август 2018

Чевлите и чантите се нешто на што секоја девојка секогаш се радува, па денешниот must have им го посветуваме токму нив.

Разгалете се себеси при крајот на летото и подгответе се за омилената есен со оваа впечатлива црвена чанта со златно ремче.

Истата е изработена од нежен материјал со интересен дезен во предниот дел, патент и златни ремчиња во комбинација со материјал.

Оваа чанта е безвременско парче кое секоја дама би требало да го има во плакарот, бидејќи е супер лесна за комбинирање во сите пригоди, со разни парчиња.

Оваа шик чанта ќе ја најдете во продавниците на Parfois.

 

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
236 пати