Must have: Впечатливи обетки за празниците што доаѓаат

26 ноември 2018

Во време кога празничната еуфорија е пред нас, веќе можеме да се насочиме кон одбирање на совршените стајлинзи за претстојните забави.

Од исклучителна важност е изборот на совршен накит и пред сè, соодветен за комбинациите што ги носите и настаните на кои ќе присуствувате.

За сите оние канцелариски забави и собири со колегите, секогаш ќе блеснете и ќе бидете впечатлива во соодветен женски костим со акцент на обетките.

Денеска ви предлагаме едни такви, сребрени и во интересна форма кои се доволно впечатливи да го разубават секој ваш стајлинг.

Истите се доволни кога е накитот во прашање, па така освен обетките, не вметнувајте ништо друго во комбинацијата.

Овие обетки можете да ги најдете во продавниците на Parfois.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Обетки: Parfois

Палто: Манго

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
26 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.876 пати