Must have: Женствен црвен фустан со волуменозни ракави

14 јануари 2020

Жените кои не се плашат да бидат забележани, секогаш се отворени кон бесконечниот избор што им го нуди модниот свет.

За таквите жени кои во модата гледаат уметност, имаме екстравагантен предлог за Must have.

Елегантен и женствен фустан од Елена Лука во изразена црвена боја, безвременски модел за секоја прилика кога сакате да оставите незаменлив впечаток.

Кројот ја следи силуетата, а акцентот е ставен на волумензоните ракави кои сезонава се моден хит.

Моделот е достапен во продажба во ателјеата на Елена Лука како и на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
14 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
793 пати
Тагови: 
must have Елена Лука