На која возраст жените треба да престанат да ги следат модните трендови

11 ноември 2013

vozrast-zeni

Одговорот е едноставен и кус - никогаш.

Никогаш не сте премногу возрасни за да ги следите модните трендови, но како што ниту сите трендови се поеднакво прифатливи за сите жени, со оглед на фигурата и карактерот, така ниту сите трендови се за секоја возраст.

Важно е на најновите модни трендови да гледате секогаш со скептично око и да ги бирате парчињата кои ви прилегаат, не оптеретувајќи се со тоа што носат другите.

Без оглед на тоа колку години имате, секогаш се препорачува да облечете едно до две модерни парчиња, а остатокот усогласете го повеќе со обликот на вашето тело и карактерот, отколку со модата, а најдобро можете да го направите тоа со квалитетни класични парчиња.

Така, нема да бидете роб на модата, а сепак ќе бидете модерни. Мешањето на класичните парчиња со нови модерни предмети и начин на кој би требало да се облекува секоја жена, независно од годините.

Ако сакате фармерки, носете ги. Тие можат да изгледаат одлично на секоја жена, само е потребно да ја погодите пригодата и секако моделот.

Fall-Winter-2013-Fashion-Trends.jpg

Во продолжение еве неколку совети како да ги носите трендовите за оваа есен, ако имате преку 50 години.

  • Кожени јакни - Барајте мазни облици, без набори и носете ги со панталони, џинс или цветни фустани.
  • Беж боја - Ова е една од најмодерните бои оваа есен, а одлично им прилега на повозрасните жени.
  • Животински дезен - Соодветно одбраните модни додатоци со животински дезен, како ремен или чанта, ќе ви дадат софистициран изглед, но избегнувајте ги фустаните, панталоните или деколтираните маици со овој принт на нив. Тоа нема да биде ниту со стил, ниту софистицирано.
  • Војнички изглед - Ако мислите дека војничкиот изглед не е за вас, размислете уште еднаш. Јакна, чанта или ремен инспирирани од војните мотиви, без сомнеж ќе ви прилегаат, но немојте да ги носите сите истовремено.
  • Вештачко крзно како додаток - Без оглед на возраста, време е бундите од вистинско крзно да ги замените со вештачко.
  • Чизми - Не е важна висината на потпетиците, туку во нив да можете да чекорите исправено и сигурно.
Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Тренд