Најинтересните кроеви на кошули што ќе ги носиме претстојната сезона

10 февруари 2017

Кошулите се дефинитивно парчиња што секоја жена, па и маж мора да ги има во својот плакар. Покрај класичните и задолжителните црна и бела со едноставен крој, секоја девојка зависно од трендовите и личниот стил мора да има и по некоја кошула со интересен крој.

Она што е посебно кај ова парче е тоа што можете да го носите со што и да посакате и сепак да изгледате супер дотерани.

Оваа пролет сѐ се менува. Дизајнерите на денешницата во своите колекции сместија навистина посебни кроеви на кошули што ќе ги заменат оние обичните и кои девојките ќе ги обожаваат.

Во продолжение погледнете ги кроевите што ќе бидат супер популарни и набавете си барем една од нив што е можно поскоро.

-Кошули со машки крој

Позајмувањето парчиња од плакарот на вашиот сакан не е ништо ново, но оваа пролет особено треба да ве интересираат кошулите. Дизајнерите сезонава нудат различни експерименти со кроевите и величините на кошулите, без разлика што станува збор за женски.

Широките машки кошули во бела, црна или сина варијанта се најдобриот избор во кој можете да инвестирате, а без проблем носете ги со фармерки или здолништа со висок струк.

-Асиметрични

Еден од најголемите трендови за сезонава се дефинитивно асиметричните кошули кои девојките веќе ги обожаваат. За да ги создадат овие кроеви, дизајнерите се инспирираат од архитектурата и експериментираат со класиката.

Тие создаваат фантастични парчиња со разни принтови, различна големина, карнери и што уште не, а истите ќе ја направат секоја ваша комбинација вистински впечатлива.

-Кошули со карнери

Секој дизајнер во своите колекции смести барем една кошула со карнери кои не постои девојка што не ги обожава. Карнерите потсетуваат на нешто навистина убаво, нешто романтично и мистично, а супер изгледаат и кога ќе ги комбинирате со едноставни фармерки.

Ако сакате да бидете вистински впечатливи, одберете кошула со многу карнери, а доколку сте обожавател на суптилното, имате и нешто понежно и минималистичко.

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.596 пати