Најпопуларниот фустан на H&M за оваа есен

7 септември 2017

Едно парче што од новата колекција на H&M се издвојува како најпопуларно за оваа сезона, доколку репер ни е Инстаграм, е романтичниот цветен фустан.

Оваа социјална мрежа е „преплавена“ со фотографии на кои познатите модни блогерки, модни уреднички и икони на стилот, го комбинираат овој шармантен фустан во своите секојдневни изданија.

Се работи за модел кој е сублимат на повеќе актуелни трендови: флоралниот принт, нагласениот волумен на ракавите, како и неизбежните карнери.

Извор: buro247.hr

Објавено:
7 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.251 пати
Тагови: 
тренд фустан H&M