Најпосакуваните патики за пролетната сезона

4 февруари 2017

Ако досега сметавте дека Пума е само обичен спортски бренд, тогаш следниве фотографии ќе ве убедат во спротивното.

Изминатите неколку месеци компанијата го промени своето работење и создаде неколку колекции по кои девојките тотално полудеа, а сега се чини дека ги имаат и патиките на сезоната!

Станува збор за класичните Пума патики, но овој пат толку женствени благодарение на едноставната свилена панделка која е дефинитивно најубавиот дел.

Имено, постојат два модели од колекцијата од кои едните кожени бели со бела панделка, додека другите црни лакирани со црна свилена панделка.

Белите патики сега се дел и од Puma Swan Pack колекцијата која е целосно инспирирана од балетот, а за која кампањата беше снимена со помош на њујоршкиот балет.

Покрај белите и црните модели, месецов пристигнуваат и новите бои на патики меѓу кои и магента, сива и розова.

Доколку сѐ уште не го најдовте совршениот чифт патики за пролетната сезона што е пред нас, тогаш ова е супер идеја!

Објавено:
4 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
11.240 пати
Извор: 
journal