Конечно дојде време да ги извадиме омилените џемпери од плакарот, а секако и да си набавиме некои нови модели во кои ќе уживаме во текот на студената сезона.

Џемперите ќе ја разиграат и разубават секоја комбинација, а во нив секогаш ќе се чувствувате удобно и топло.

Покрај оние стандардни модели во неутрални бои за кои веќе знаете дека се апсолутен хит, оваа сезона девојките сакаат да носат и џемпери во впечатливи и јаки бои кои ќе ја разиграат секоја комбинација.

Како најпопуларни модели оваа сезона се издвојуваат волуменозните и широки џемпери со различен принт и во бои како портокалова, розова, сина и зелена кои иако впечатливи, одлични се за комбинирање со џинс.

Сезонава девојките џемперите ги носат и со тесни здолништа со висок струк, со широки килоти, со класични панталони и што уште не, а што се однесува до чевлите, со нив сè е соодветно.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од омилените и највпечатливи џемпери сезонава кои посакуваме веднаш да се најдат во нашиот плакар.

Инфо и фото: Fashion.he

Објавено:
8 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.057 пати