Најубавите беж комбинации за оваа есен

4 октомври 2019

Нежните капучино тонови се веројатно првата асоцијација за есенската естетика.

Иако веќе со години не важи правилото: есента е резервирана само за кафени нијанси (напротив колоритот е интензивен, шарен, жив...), сепак беж комбинациите се вечна класика.

Оставаат доем на отменост и префинетост, ненаметливи се, а истовремено елегантни и моќни.

Складни се во комбинација со накит во златни тонови, што им дава дополнителен аристократски шмек.
Оваа есен повторно се актуелни предимензионираните кроеви, па панталоните со висок струк во комбинација со блејзери или сакоа, во беж нијанси се ултимативен спој.

Токму такви комбинации ќе забележите меѓу изборот на беж аутфти што го одбравме од светската улична мода.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.116 пати