Веќе знаете дека еден од клучните трендови за оваа сезона се кожените здолништа, па популарните брендови во својата понуда веќе нудат огромен избор.

Покрај сомотот, огромен хит оваа есен ќе бидат кожените парчиња, па ако досега немате едно такво во плакарот, тогаш викендов е совршено време за шопинг.

Без разлика дали ќе одберете некое парче од сјајна или превртена кожа, бидете сигурни дека ќе бидете впечатливи каде и да се појавите.

Одлични се бидејќи можете да ги комбинирате со што и да посакате, почнувајќи од маички на куси ракави со натписи, лежерни кошулки на долги ракави, тенки блузички и палта, па дури и џемпери во студените денови.

Кога се кроевите и боите во прашање, нема никакви правила, па така овој период носиме претежно есенски бои и разни форми на здолништа.

Ако сте од оние кои сакаат нешто повпечатливо, тогаш одберете кожено здолниште со карнери, со копчиња или со шлиц.

Во галеријата погоре погледнете некои од најубавите модели кои се хит оваа сезона.

Објавено:
21 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
777 пати