Ситните дупчиња на летните блузи или фустани се дефинитивно едни од најпосакуваните дезени оваа топла сезона. Покрај тоа што се ултра стилски, на секое парче тие му даваат романтичен призвук, па токму поради тоа девојките ги обожаваат.

Овие парчиња се супер избор за разни пригоди како венчавки и други забави, а сосема соодветни се и за деловни и секојдневни пригоди.

Тие ќе внесат доза свежина и романтика во секој ваш изглед, а вие ќе се чувствувате прекрасно во секој еден летен ден.

Комбинирајте ги со шик фармерки, здолништа, впечатлив накит и модни додатоци како разни чанти, сандали, балетанки, па дури и патики.

Овие парчиња најчесто можеме да ги најдеме во претежно светли нијанси, но и некое црно за вечерна варијанта е совршен избор.

Погледнете ги најубавите во галеријата и инспирирајте се за викенд шопинг.

Извор и фото: Modamo.info 

Објавено:
23 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.833 пати