Најубавите пролетни јакни за вашите најмили

24 февруари 2016

Во пресрет на прекрасната пролетна сезона, сега е вистинско време да ги подготвите вашите најмили со супер тренди јакнички во кои ќе уживаат на топлото време.

Понудата на high street брендовите за најмалите за претстојната пролетна сезона е навистина богата, а кај истите ќе најдете прекрасни модели за вашите момчиња и девојчиња.

Сосема очекувано, влијанието на модните трендови е видливо и кај парчињата за најмалите, па така следната сезона и тие ќе носат тексас јакнички, разни цветни и принтови со птици, кожени јакнички во разни бои, но и јакни од превртена кожа во земјени тонови.

За момчињата, брендовите подготвија навистина шик бомбер јакни во супер бои, додека девојките ќе уживаат во лесните јакнички во пастелно розови бои.

Како и кај колекциите за возрасните, и кај парчињата за најмладите се присутни сафари стилот и етно принтовите, но и ведрината и радоста во лелеавите кроеви и слатките бои. 

Објавено:
24 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.497 пати