Најудобните „Teddy Bear“ пижами за оваа зима

23 ноември 2016

Кога зад нас ќе го оставиме напорниот работен ден, она на што најмногу се радуваме е враќањето дома во удобноста на домашната атмосфера.

Ги облекуваме топлите пижами и остатокот од денот го посветуваме на себе и семејството.
Токму овој амбиент беше инспирација за шпанскиот бренд Oysho да ја создаде најудобната и најсимпатичната колекција пижами „Teddy Bear".

Покрај тоа што делуваат неверојатно меки и комфорни, пижамите се стилизирани со интересен дизајн, но и различни натписи и пораки за добра ноќ и слатки сништа.

 

 

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.192 пати