Секоја сезона кожените јакни се едни од омилените парчиња на девојките поради нивната уникатност, но истовремено и можност да се комбинираат со било што и да посакате.

Оваа сезона тие повторно се на пиедестал, но во многу поубави и впечатливи варијанти украсени со бројни шик апликации и додатоци.

Доколку сѐ уште ја немате купено совршената кожена јакна, тогаш оваа сезона дефинитивно мора да инвестирате во ова парче кое е вистинска класика.

Тие се безвременски парчиња кои засекогаш ќе останат во вашиот плакар и ќе можете да ги вметнете во голем број комбинации, а сепак секогаш да изгледате различно.

Оваа сезона понудата од светски познатите дизајнери, но и high street брендовите е навистина голема и можете да го одберете вашиот фаворит од понудените.

Пролетва можете да одберете од бројните различни модели и бои со што ќе ја разбиете монотонијата на црната класична кожена јакна, но сепак запомнете дека мора да имате и една таква во вашиот плакар.

Во галеријата погледнете ги најдобрите и највпечатливи модели за оваа сезона.

Објавено:
2 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.112 пати