Нашата омилена летна „униформа“

22 мај 2018

Џинсот со висок струк или популарно наречениот „mom jeans" сè уште е на врвот на листата на омилени стилски парчиња. Независно од индивидуалниот имиџ, нивниот универзален шарм е сосема доволен за да си го најдат своето почесно место во сечиј плакар.

Затоа и ова лето е задолжително парче во нашата „летна униформа" во комбинација со романтичните кошули со машна на врзување, маичките со натпис или свилените маички на прерамки.

Ако ви дозволува деловниот дрес код, тогаш со сигурност се омилена варијанта и во деловниот стил, со што во аутфитот го додаваме исто толку популарниот блејзер.

А кога е во прашање неформалното облекување, лежерните комбинации со џинсот со висок струк се веројатно и најинспиративни: тука секогаш може да ги земеме во предвид еспадрилите на платформи, отворените сандали на дебела потпетица или пак кломпите, што исто така се меѓу најпопуларните модни додатоци сезонава.

Издвоивме неколку интересни примери од уличната мода.

 

Објавено:
22 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
717 пати