Нашите летни фустани ги трансформираме во есенски комбинации

20 август 2019

Летните парчиња облека, може да си најдат своја примена и во есенската сезона. Затоа, не се откажувајте брзо од вашите омилени, лелеави летни фустани по завршувањето на летото.

Иако е рано за есен, секогаш ви е во прилог навремено да сте подготвени за претстојната сезона, па во овој случај ќе ви дадеме неколку идеи, како роматничните фустани што се хит летово, да ги комбинирате во вашите есенски стајлинзи.

Одговорот е: слоевит спој на летен фустан со есенски џемпер, блуза, блејзер, кардиган, јакна...
Облечете плетено џемперче врз или под фустанот и имате добитна комбинација. И ова е само една од многуте идеи.

Остатокот следуваат низ фотографиите во продолжение.

Објавено:
20 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.236 пати
Тагови: 
фустани