Нè инспирира стилот на скандинавските девојки – минимализам со став

28 јуни 2018

Независно дали се работи за архитектура или мода, скандинавскиот стил е препознатлив по неговиот минимализам и прагматичност. Но, уште еден сегмент кој не смее да се занемари е секогаш потенцираниот индивидуализам.

Токму затоа, скандинавската мода е секогаш мотивирачка, особено за вљубениците во минимализмот.
Ги разгледавме Инстаграм профилите на познатите скандинавски модни блогерки, @fundachristophersen, @hannastefansson, @trineswardrobe, @tineandreaa и очекувано, наидовме на нови, свежи и инспиративни стилски комбинации, што ќе ви дадат идеја плус во насока на надополнување на вашиот летен имиџ.

Она што ќе ви го задржи вниманието е умешноста со која и на наједноставниот спој на парчиња, тие им даваат некој особен израз, а тоа ќе го препишеме на нивниот став, самодоверба и сигурноста во својот избор.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
28 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.296 пати