Неколку идеи плус што да облечете на зимска венчавка

9 ноември 2017

Изборот е навистина инспиративен, кога треба да бирате аутфит доколку оваа зима сте поканети на свадбена свеченост.

Актуелните тенденции вклучуваат брилијантни изгледи што може да ги комбинирате и во свечено издание.

Со оглед на тоа дека кадифето оваа зима е еден од омилените материјали, ќе најдете голем избор на романтични фустани на преклоп, костуми или комбинезони изработени токму од кадифе. Надополнете со суптилен накит и ќе изгледате перфектно.

Флоралниот принт е секогаш на врвот од листата на омилени трендови,, па нема да погрешите ако вашиот избор е романтичен макси фустан со цветен принт, карнери и транспарентни ракави.

Доколку преферирате минимализам, монохроматските елегантни свилени фустани, во едноставен крој, се одлична алтернатива. Металик нијансите како сребрена, бакарна и златна, го надополнуваат гламурозниот изглед.

Издвоивме неколку идеални комбинации што ќе ве мотивираат и ќе ви помогнат во одлуката што да облечете.

 

Објавено:
9 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.390 пати