Неутрални тонови за беспрекорен сафари стил

14 јули 2018

Земјените нијанси и неутралните тонови се безвременски избор во кој секогаш вреди да се инвестира кога е облеката во прашање.

Ова сезона во модниот фокус се монохроматските комбинации во беж нијанси, што потсетуваат на софистицираниот сафари стил – секогаш елегантен летен изглед.

Доколку прчињата во неутрални тонови се изработени од пријатни, природни материјали – тогаш изборот е беспрекорен.

Дополнителна предност е што овие парчиња може да ги комбинирате и за време на вашиот летен одмор, но и соодветно да ги вметнете во вашиот деловен стил како на пример панталоните со висок струк во суптилна беж боја може да ги комбинирате со бела кошула или пак миди фустанот со нагласен струк да го споите со високи потпетици во беж нијанса.

Направивме селекција на најпопуларните „сафари" парчиња за ова лето.

Објавено:
14 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
887 пати
Тагови: 
сафари