Ни претстојат летните фестивали на отворено, „Exit“ и „Д Фестивал“ – ви предлагаме што да носите

12 јуни 2019

Сезоната на летни фестивали е отворена! Ни претстои лето со исполнета агенда, а во распоредот задолжително се и двата големи музички фестивали, „Д Фестивал" во Дојран и „Exit" во Нови Сад, што важат за едни од најпопуларните во регионов.

Ако ова лето планирате да посетите некој од нив или пак се подготвувате за некој сличен летен настан на отворено, ние ви препорачуваме што да спакувате во ранецот и како тоа на најдобар начин да го искомбинирате.

Кога се подготвуваме за летен фестивал, покрај базичните хигиенски препарати, носиме и базични парчиња облека што лесно може меѓусебно да се комбинраат, а во нив ќе се чувствуваме удобно – што не значи дека истите тие парчиња не може да бидат тренди, шик и стилски.

Краток шорц, бела маичка или таква со натпис од вашиот омилен бенд, удобни патки, очила за сонце, шешир или капче – вака изгледа редоследот на задолжителни парчиња. Но, секако оваа листа може да ја надополните со уште неколку есенцијални парчиња облека, што ќе бидат одраз на нашиот личен стил, а ќе бидат изработени од пријатни и природни материјали.

Ваквите настани се одлична прилика да си поиграте со стилот, да експериментирате и да направите комбинации што вообичаено немате можност да ги носите.

Предлогот следува во фото галерјата...

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.239 пати