Нова сезона за цветното кимоно

14 февруари 2018

Сѐ уште не му откажуваме љубов на цветното кимоно. Ќе го носиме и оваа сезона, во нова и освежена варијанта.

Следејќи го изборот што го нудат „high street" брендовите, може да резимираме дека оваа пролет ќе бидат актуелни кимона со цветни принтови со кратка или макси должина.

Кимоното ќе го носиме во лежерна варијанта со џинс, патики и краток топ, но и во елегантен и префинет аутфит со класични панталони, монохроматски фустан и на високи потпетици.

За дополнителна инспирација како да го комбинирате, може да погледнете како цветното кимоно го спојуваат во своите аутфити модните трендсетерки во уличната мода.

Во продолжение издвојуваме неколку интересни примери на флорални кимона што веќе може да се најдат во продажба.

 

Објавено:
14 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
671 пати